Connect with us

Фудбал

Уште тројца претенденти за селектор на Италија

Фудбалската репрезентација на Италија остана без селектор по отпуштањето на Џампиеро Вентура. Главен кандидат за негов наследник беше Карло Анчелоти, но како одминува времето се повеќе се шпекулира и со други имиња.

Во италијанските медиуми по Карло Анчелоти, Роберто Манчини и Масимилиано Алегри, се појавија три нови имиња. Тоа се Винченцо Монтела, Клаудио Раниери и Дели Роси.

Монтела неколку пати се наоѓаше пред отказ во Милан и неговата иднина на „Сан Сиро“ е неизвесна. Веројатноста да биде разрешен е голема и при такви околности, а и со неговата младост како адут може да биде подолгорочно решение на клупата на „Азурите“.

Ситуацијата околу Раниери е поинаква. Под негово раководство Нант игра одлично во Лига 1. Покрај тоа неговиот договор со францускиот клуб е до 2019 година.

Опција е и Дели Роси кој по две години пауза од фудбалските терени, оваа сезона ја почна како тренер на Левски. Со бугарскиот клуп Де Роси има двегодишен договор.

Италијанскиот фудбалски сојуз наскоро ќе го објави името на новиот селектор, па останува да се види дали ќе е некој од сегашните кандидати или ќе има изненадување.