Connect with us

Фудбал

Вагнер блиску до клупата на Борусија Дортмунд

Менаџерот на премиерлигашот Хадерсфилд, Дејвид Вагнер, е најсериозен кандидат за наследник на холандскиот стручњак Питер Бос во Борусија Дортмунд кој според германските медиуми се наоѓа пред отказ поради слаби резултати.

„Милионерите“ од Дортмунд се наоѓаат во резултатска криза, а по последниот пораз вчера од Тотенхем на свој терен со 1:2, се погласни се шпекулациите дека тренерот Бос ќе ја загуби функцијата.

Вагнер веќе имал престој во Борусија за време на неговата кариера како асистент, а потоа тренер на академијата. Ова се случи во ерата на Јирген Клоп.

Со Вагнер на менаџерската позиција, Хадерсфилд за прв пат избори пласман во Премиер лигата во Англија.