Други спортови
Вакцинацијата во Формула 1 станува задолжителна
Вакцинацијата во Формула 1 ќе стане задолжителна во новата сезона, изјави во понеделникот портпаролот на одделот за продажба на најпопуларниот автомобилски спорт. Новото правило ќе важи за сите пилоти и сите останати вработени за време на секоја Ф1 трка.
„Условот за вакцинација е апсолутно за сите и нема да се дозволат никакви исклучоци“, рече портпаролот.
БиБиСи и Тајмс беа првите кои ја објавија иновацијата.
Специјалното ново правило ќе биде за пилотите, медицинскиот персонал, сите претставници на медиумите, вработените во Меѓународната автомобилска асоцијација и специјалните гости за време на трките.
Првенството е предвидено да започне на 20 март во Бахреин. Тестовите на новите болиди ќе се одржат на крајот на февруари и во првите денови на март. Во 2022 година, Формула 1 рунди за прв пат ќе бидат 23.