Connect with us

Фудбал

Валенсија руши рекорди во Ла Лига

Валенсија го бележи најдобриот пласман во историјата на Шпанското фудбалско првенство по првите десет кола. „Лилјаците“ се без пораз со седум победи и три реми и вкупно 24 бода од можните 30.

Претходно, најдоброто достигнување на тимот е во сезоните 2003/2004 и 2014/2015 кога имаа 23 бода.

Валенсија е во серија од шест последователни победи и во моментов е на втората позиција со четири бода помалку зад лидерот Барселона.

Со 27 постигнати голови Валенсија го има вториот најдобар напад во лигата, зад каталонскиот клуб кој има дадено 28 голови.