Connect with us

Фудбал

Валенсија се жали: Зошто Барселона и Реал да добијат повеќе пари

Четири клуба, за прв пат годинава, на турнирски систем ќе играат во Суперкупот на Шпанија. И тоа не е се. За прв пат ќе се игра во Саудиска Арабија, во јануари, во градот Џеда.

Оваа „идеја“ е продадена за 40 милиони евра. Но, секако ова не е целосната сума која ќе ја добиат клубовите.

Иако не е познато по точно колку ќе добијат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Валенсија, сепак првиот човек на „Лилјаците“, Анил Мурти се пожали.

Тој вели дека не е фер Варселона и Реал Мадрид да добијат повеќе, а Валенсија и Атлетико помалку.