Connect with us

Ракомет

Валтер: Против Нексе ќе бидеме подобри во однос на натпреварот со Војводина

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер ги искажа своите очекувања за вечерашниот дуел со Нексе во 3. коло на регионалната СЕХА-лига.

– Нексе е одличен тим, но видовме дека ја направија истата грешка, како и ние против Војводина. Среде подготовки сме, оставивме неколку ракометари дома за да ги заштедиме, и затоа не изгледавме добро во Нови Сад. Но, сега имаме два дена за подготовка и ќе бидеме подобри. Проблем ни е што немаме многу ракометари тука во Нашице, дојдовме само со четири бека за да покријат шеесет минути, што не е многу. Најголемиот проблем за поразот против Војводина беа техничките грешки кои ги направивме. Ги имавме дури 19, што не е нормално. Тоа ни се случи бидејќи сме во подготвителен период. Физичките тестови минатата недела беа добри, па сега работиме само на ракомет и треба да се подобриме. Имаме добри шанси да играме израмнет натпревар против Нексе и ќе бидеме подготвени за тој дуел, изјави Валтер.

Натпреварот почнува во 18 часот.

И двете екипи до сега имаат одиграно само по еден натпревар, загубија од Војводина.