Фудбал
Валверде одлучи, промашувањето на Барселона има две опции
Шампионот на Шпанија извесно време има проблеми со дефанзивците, односно штоперите. Минатото лето го „бркаа“ Де Лихт кој заврши во Јувентус, план Б немаше, па последната линија остана „тенка“.
Сепак, според пишувањата на тамошните медиуми тренерот Валверде донел одлука за ослободување на еден штопер.
Се работи за младиот Тибодо, кој оваа сезона забележа само два настапи во првиот тим, односно скромни 77 минути. Младиот фудбалер на Тулуз пред крајот на јануарскиот преоден рок пристигна во Каталонија како голем талент, а по само една година ќе замине.
Најзаинтересирани се Вотфорд и Баер Леверкузен.