Connect with us

Фудбал

Ванда Нара повторно ја разбранува јавноста: Милано е градот за моето семејство

Мауро Икарди како позајмен фудбалер настапува за ПСЖ, а на последниот меч, на дербито против Марсеј постигна два гола. Се погласни се информациите дека францускиот тим ќе го откупи за 70 милиони евра, колку што стои во договорот за позајмица.

Но, неговата сопруга Ванда Нара повторно ја разбранува јавноста во Италија. Во добро познатата емисија „Тики-Така“ изјави дека Милано е градот за нејзиното семејство и дека би сакала да останат во овој град.

Таа изјави дека е тешко постојано да патува на релација Милано-Париз, сепак додава дека заминувањето во ПСЖ е добра одлука за кариерата на Мауро Икарди.

Како што е познато, Икарди имаше нарушени односи со раководството и дел од фудбалерите на Интер.