Connect with us

Тајмаут

Ванда си ја отвори душата пред очите на Мауро Икарди: „Благодарам на мојот поранешен сопруг, испадна вистински господин“

Ванда Нара и Мауро Икарди поминаа низ турбулентен животен период и за малку ќе дојдеше нивниот развод.

Поради пораките што ги видела на телефонот на нејзиниот сопруг, Ванда поднела барање за развод, но работите набрзо се смириле и славната двојка повторно се обедини.

На состанокот со Ванда, Мауро се закани дека ќе ја заврши кариерата доколку дојде до развод.

“Да, тој ми го кажа тоа. Но, не знам дали е точно така. Тоа се големи зборови”, истакна Ванда и продолжи со она што се случувало во минатото.

“Го погледнав неговиот телефон и го видов разговорот. Очигледно сè беше наместено, бидејќи Мауро никогаш не би пишувал такви работи. Реагирав премногу бурно, но се навикнав да зборуваме за се еден со друг”.

“Ми кажа дека се виделе и дека ништо не се случило. Таа беше во Париз и се сретнаа. Затоа и реагирав бурно, но подоцна и се јавив на Чајна и и се извинив за тоа што се случи”.

“Благодарна сум на Макси за се што направи. Ги зеде децата со себе и ги држеше подалеку од ова. Благодарам на него и на неговата девојка”, рекла Ванда.

Наводно, на крајот на краиштата, Мауро ги препишал сите права на Ванда на имотот што го поседува до 2050 година и нема да остане без ништо доколку дојде до развод.

Реклама

Facebook

Реклама