Фудбал
ВАР „диктира“ резултат во Прага, Интер водеше 2:0, голот поништен, Славија израмни
Интер вечерва мора да победи против Славија Прага доколку сака да остане во трка за второто место на табелата и пласман во нокаут фазата во ЛШ. Поведоа гостите со 1:0 со голот на Лутаро Мартинез во 19.минута на асистенција на Лукаку.
Улогите во 35.минута се сменија. Лутаро асистира, Лукаку погодува за 2:0. Сепак, една минута подоцна голот е поништен. Откако судијата ја прегледа ВАР снимката, одлучи да го поништи голот и на спротивната страна оправдано да покаже на белата точка бидејќи Де Врај стартуваше врз Олајинка.
Сигурен реализатор на пеналот беше Соучек во 37.минута.
Од истата група Барселона води со 2:0 по првите 45.минут, па доколку вака завршат мечевите, распоредот пред последното коло би бил вака: Барселона лидер со 11 бодови, Борусија Дортмунд втора со 7, Интер трет со 5 и Славија Прага со 3 последна.
Во последното коло Интер игра со Барселона на домашен терен и ќе се пласира во следната рунда, доколку слави на овој меч, а Борусија загуби или одигра нерешено со Славија Прага. Но, има да се играат уште 45.минути вечерва.