Фудбал
ВАР не е доволен, нова промена во Премиер лигата!?
ВАР технологијата се користи речиси на сите фудбалски терени во светот, барем во поголемите лиги. Сепак, се уште не е совршено. Судиските грешки во голем број се намалени, а со цел дополнително да се осигура во регуларноста на натпреварите, Премиер лигата подготвува уште една нова промена.
Тамошниот „Телеграф“ пишува дека наредната недела ќе има состанок на 20-те премиерлигашки клубови и дека на тој состанок ќе биде предложен еден вид фудбалски „челинџ“.
Според таа идеја, тренерите би имале право во неколку наврати да реагираат со приговори за одлуките на судиите.
Останува да видиме како ќе помине оваа идеја на тој состанок.