Фудбал
ВАР систем и во Македонија, Сејдини откри кога доаѓа! (ВИДЕО)
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, во одговор на прашање на ТВ21 рече дека наскоро во нашата земја ќе има систем за контрола ВАР на фудбалските натпревари.
Сејдини рече дека за инсталирање на овој систем се потребни 6 до 8 месеци.
„ФФМ работи во оваа област и мислам дека наскоро, дури и денеска, ќе почнеме. Ќе бидат потребни 6 до 8 месеци за да се имплементира ВАР системот во Македонија, така што верувам дека наскоро ќе имаме ВАР. “, изјави Сејдини во одговор на ТВ21 од Манчестер.