Connect with us

Ракомет

Вардар без Атман, Горпишин и Скубе

Павел Атман и Сергеј Горпишин се повредени и остануваат во Скопје и нема да играат против Пекинг СУ, дебитант во СЕХА лигата. Според информациите од клубот, Сташ Скубе е болен и доби препорака неколку денови да не тренира и да мирува. Тие се приклучуваат на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште не почнале да играат.

Вардар утре му гостува на Пекинг СУ, а мечот ќе се одигра во Загреб воп 17:15 часот.

На првиот меч вардарци славеа со 37:23.  По четири одиграни натпревари Вардар е на второто место во А групата со 9 бода, три помалку од Мотор, но украинскиот тим има одиграно еден натпревар повеќе.вонредна состојба.