Ракомет
Вардар без пораз против Монпелје, од четири средби Вардар има три победи
Монпелје денеска ќе биде првата пречка на Вардар кој се бори за четврта титула оваа сезона, како и за одбрана на титулата шампион на Европа.
Од меѓусебните четири натпревари Вардар против Монпелје има три победи, а Монпеље ниту една.
Во последните пет натпревари Вардар има пет победи, а Монпелје има четири победи и еден пораз.
Во финалниот натпревар и двете екипи имаа играно по еднаш, Монпење во 2003 кога ја освои титулата шампион на Европа, а Вардар моментално е шампион на Европа.
Вечерва со почеток во 18:00 ќе се одигра полуфиналниот натпревар, а ние да навиваме за нашиот и Европски шампион, Вардар.
Директен пренос ќе може да следите и на SPORTM.mk