Connect with us

Ракомет

Вардар без решение за Барселона

Македонскиот ракометен шампион Вардар го претрпе првиот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, откако беше надигран од Барселона во 30:26.

Иако салата „Јане Сандански“ беше исполнета до последно место, а навивачите создадоа одлична атмосфера, ракометарите на Барса покажаа дека се „отпорни“ на „вулканот“ во Скопје, диктирајќи го темепото 60 минути и стигнувајќи до бодови со кои се зацврстија на врвот на табелата во А – групата.
Дибиров со шест и Кристопанс со пет гола беа најефикасни во таборот на Вардар, четири постигна Чупиќ, додека кај Барселона најдобар поединец во победата покрај голманот Де Варгас беше Дика Мем со осум гола.

Пред Парондо и „вардарци“ е многу работа ако се знае дека наредниот викенд ги очекува нов дуел со Барселона, овојпат во каталонската престолнина, на кој евентуален пораз би значел и речиси сигурно губење на шансите за освојување на првото место во групата.