Connect with us

Ракомет

Вардар четврти фаворит за трофејот во ЛШ

Македонскиот шампион и актуелен европски првак Вардар е четврто рангиран од страна на ЕХФ која ги избра ТОП 10 екипи фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ не се во посакуваната форма која почна да паѓа по ЕП, а тоа го потврдуваат и резултати на последните натпревари кога беа доживеани два пораза (Барселона, Нант) на гостински терен, додека во „Јане Сандански“ беше победен Пик Сегед и одиграно нерешено со Висла.

Прв фаворит за трофејот е ПСЖ, а пред Вардар се и Барселона со Борко Ристовски и Веспрем со Дејан Манасков.

По бранителот на трофејот ЕХФ го рангиран тимот на Нант за кој настапува Кирил Лазаров, а од 6-10.место се: Фленсбург, Киелце, Кил, Кристијанштад и Монпеље.