Ракомет
Вардар добива „балкански шмек“, доаѓаат хрватски „двометраши“
Повремениот хрватски репрезентативец Анте Кудуз од романскиот Динамо Букурешт, но и Јосип Шарац од Целје, идната сезона ќе го носат дресот на РК Вардар. Двајцата играат на левата страна, а и двајцата се високи над два метри.
Ако се знае дека претходно Вардар се договорил со Васко Шеваљевиќ и Дарко Ѓуриќ, јасно е дека Вардар добива „балкански шмек“.