Connect with us

Ракомет

Вардар е шампион!

Екипата на Вардар ја освои 15-тата шампионска титула во домашното ракометно првенство, или седма по ред. Попладнево на последниот првенствен меч, очекувано славеа против РК Тиквеш со убедливи 37:25. Вреди да се напомене дека втора година по ред Вардар освојува двојна круна, односно шампионскиот пехар и пехарот во Купот.

Најефикасен во таборот на шампионот беше Дибиров со 7 голови, а Талески постигна седум. Со исто толку голови најефикасен кај Тиквеш беше Страхиња Симиќ.