Connect with us

Ракомет

Вардар ги дозна датумите за Веспрем

Европската ракометна федерација во договор со клубовите учесници во осминафиналето од Лигата на шампионите ги одреди датумите на одигрување на натпреварите.

Македонскиот првак Вардар во борбата за пласман меѓу Топ-8 екипи ќе игра со Веспрем. Првиот меч е во Скопје, според договорот треба да се игра на 1 април во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Реваншот е седум дена подоцна, на 8 април во Унгарија исто така во 18:45 часот.