Connect with us

Ракомет

Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија, останува уште во ЛШ

Вардар е старо новиот шампион во ракометниот куп на Македонија.

Во денешното финале, Вардар ја оправда улогата на фаворит, го совлада Металург со 30:26 и ја освои титулата во купот на Македонија.

Стартот на натпреварот беше добар и за двете екипи, играа одлично, желбата за победа беше присутна на секаде на теренот. Внимателно и претпазливо играа и Вардар и Металург, но првото полувреме му припадна на Вардар кој замина на пауза со два гола предност (14:12).

Металург даваше се од себе да ги анулира двата гола на противникот, но Вардар е екипата која владее со ракометот во Македонија, и не е лесно да се порази. И покрај жестоките обиди на Металург, Вардар го доби ова финале со 30:26 и ја одбрани титулата во Купот на Македонија.

На Вардар сега му останува да ја одбрани титулата и во ЛШ. Тие на Ф4 турнирот во полуфиналето играат против Монпелје на 26. мај во 18:00 часот.