Поврзи се со нас

Ракомет

Вардар го победи Бутел Скопје и закажа финале со Еурофарм Пелистер

Вардар славеше во средбата со Бутел Скопје, додека Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Струга. Европскиот и македонски ракометен првак Вардар остана перфектен во Струга.

Вардар во големото финале на турнирот во Струга ќе игра против Еурофарм Пелистер кој исто така групната фаза ја заврши со три победи на три меча. Дуелот за титула е закажан в недела од 21:15 часот.

Програмата во финалниот ден започнува утре во 10 часот со дуелот за седмата позиција помеѓу Еурофарм Пелистер 2 – Струга, во 17:15 часот во Прилеп – Бутел Скопје ќе се борат за поцијата број пет, Охрид – Металург во малото финале за бронзата, а, шлагот на тортата е финалето Вардар – Еурофарм Пелистер.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама