Connect with us

Ракомет

Вардар го покажа македонскиот непокор-со срце на терен на пат кон Келн

Веројатно, последниот натпревар на овој Вардар во Лигата на шампионите беше магичен, емотивен, горко сладок и што е најважно – усешен. Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Не беа само излитени зборови кога во четвртоткот капитенот Стојанче Стоилов рече „сè ќе оставиме зад нас, мислиме само на Сегед.“ Покажаа декас се фокусирани, максимално сериозни и посветени на мисијата да се простат од црвено-црниот дрес со нов пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Опасниот Сегед се стопи некаде меѓу татнежот во „Јане“, „ролетните“ на Милосављев и „минофрлачот“ на Криштопанс, особено во завршните 10 минути, кога предноста на Вардар од кревка, стана небесно висока. Беше 24-21 во 50. минута, кога вардаровиот голман фати пенал, а потоа направи уште три интервенции, за да покрене серија од 5-0 за Вардарци. Со неа резултатот „замина“ на 30-22 во 58. минута и уште тогаш јасно беше дека Пик Сегед е во нок-даун.

Унгарците ја пропуштија својата шанса да го спасат мечот од провалија некаде по 45. минута, кога се доближија на 21-20, а сепак тука застанаа. Иако осакатен во нападот, Вардар функционираше одлично, со Скубе како среден, а Карачиќ како лев бек, кои неуморно ротираа за Криштопанс да може да бомбардира.

Во првиот дел, македонскиот шампион почна да зема залет некаде по 10. минута, кога се забележа вредноста на одличната одбрана со Криштопанс, Калараш и Мораес во средината на зоната 6-0. Двометрашите ги умртвуваа идеите на плејмејкерот Деан Бомбач, а неколку пати гостинските напади завршија со украдена топка и лесен гол за Вардар. Во тие моменти црвено-црните постигнаа четири гола едноподруго и поведоа со 8-4. Водството достигна и највисоки 11-6, пред да почне повторно да паѓа. По неколку нереализирани напади на Вардар, Пик Сегед намали и на еден разлика, сепак полувремето заврши со 14-12 за македонскиот првак.

Извор: sport1.mk

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com