Connect with us

Ракомет

Вардар го промовираше Шпанецот-Соиграчот на Кире Лазаров од следната сезона во Скопје

Екипата на Вардар 1961 следната сезона ќе има нов десен бек, познато име од ракометниот свет – Шпанецот Едуардо Гурбиндо. Тој ќе ја продолжи традицијата да има шпански играчи во тимот на „црвено-црните“,  и можеби и освојувањето на што е можно повеќе трофеи.  Доаѓа на Вардарќе му се приклучи по завршувањето на оваа сезона, односно откако ќе му го одработи договорот со француски Нант.

Тој доаѓа во време кога тимот се засилува и секако амбициите ќе пораснат. Очекува да биде на ниво, да игра добро и заедно со клубот побрзо да ги постигнат поставените цели.

-Видов дека има интерес од клубот за мене, и тоа беше еден клучен момент. Јас сум во Франција веќе 5 години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар, и ќе останам тука три години доволно време да се вклопам во тимот и да постигнеме резултати. Знам дека и претседателот е амбициозен, тој ми кажа дека сака да победува. И јас сум ист менталитет, секогаш сакам да победувам на секој меч. Тоа ќе биде добар предизвик за мене.

Исто така и мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да се научи јазикот за во иднина. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството. Мислам дека добро ќе се снајдеме во Скопје, вели Гурбиндо.

 

Вели дека немал потреба никого да консултира, да се распрашува за Вардар, и за она што го очекува тука.

-Одлуката беше целосно моја, се разбира заедно со семејството. Не ми требаше ништо повеќе да знам за Вардар и Скопје. Не само за екипата, туку и за градот и земјата. Знам се што треба да знам за Вардар, од услови, од сала, град.. Тоа ми беше сосема доволно, вели Гурбиндо за официјалниот интернет сајт на РК Вардар.