Connect with us

Ракомет

Вардар го реши Загреб – навивачите се вратија на трибините

Вардар има резултатска предност од четири голови по првиот четвртфинален дуел против хрватскиот првак ППД Загреб. Хрватскиот гигант во текот на цел меч се покажа како тежок противник и дури во еден момент имаше само еден гол негатива, па така патникот на Ф4 во регионалното натпреварување ќе се решава во Хрватска на 31 август.

Првото полувреме беше изедначено, Вардар успеваше повремено да се одлепи на два разлика, но Загреб се враќаше. На одморот се замина со 14:12 за македонскиот тим. May be an image of 3 people, people playing sports and indoor

Во вториот дел Вардар цело време имаше предност, но во финишот Загреб дојде на -1, 21:20, тогаш тимот на Вујовиќ направи серија од 3-0 и го заврши мечот со победа од 24:20.

Дибиров и Кудуз со по постигнати голови беа најпрецизни во редовите на Вардар, Георгиевски остана на трите од првото полувреме, а по два гола дадоа Гурбиндо и Тото.May be an image of 3 people and people standing

Кај Загреб, најдобар беше Чупиќ со осум постигнати голови.

Реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА лигата ќе се игра за пет дена во Загреб.May be an image of 1 person, playing a sport, standing and indoorMay be an image of 2 people