Connect with us

Фудбал

Вардар гостува кај Ренова, Муслиу подготвен за натпреварот против неговата поранешна екипа

Вардар утре во 13-тиот првенствен натпревар ќе гостува кај тимот на Ренова во Тетово. Натпреварот започнува во 13 часот. Иако овој меч ќе биде во рамките од 15. коло, Вардар има два меча помалку поради обврските во групната фаза од Лигата на Европа.

Пред утрешниот меч своите очекувања ги искажа стоперот Висар Муслиу кои што во својата кариера мина и во тимот на утрешниот противник на Вардар.

„Нè очекува тежок натпревар. Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба. Верувам дека секој кој ќе излезе на терен ќе даде се од себе за да дојдеме до трите бодови кои ни се потребни во борбата за првата позиција на табелата“, изјави Муслиу во пресрет на утрешната средба.