Ракомет
Вардар и Кил на полувреме со 13:13
Во тек е натпреварот од Лигата на шампионите во кој македонскиот првак се бори за учество на Ф4.
Актуелниот шампион на Европа, Вардар и Кил на полувреме одат со 13:13.
Иако на почетокот Кил имаше одлична серија од три гола, Вардар лесно успеа да се справи и да ја анулира оваа предност на Кил со серија од пет гола.
Но сепак и Кил во првото полувреме покажа одлучност и желба за надигрување па резултатот на полувремето е 13:13
Останува да го проследиме и второто полувреме за да го видиме конечниот исход на овој натпревар.