Фудбал
Вардар и Шкендија убедливи
Најголемите претенденти за шампионската титула Вардар и Шкендија забележаа убедливи победи. Вардар на гостински терен со 3:0 славеше против Академија Пандев. Стрелци на головите беа Аврамовски (2) и Брдаровски.
Шкендија на домашен терен беше подобра од Шкупи во второто дерби со 4:0. Ибраими и Жуниор со по два гола се погрижија за нови три бода. Тетовскиот тим со овој триумф се проби на второто место.
Резултати ПМФЛ.
Недела:
Академија Пандев – Вардар 0:3
Борец – Ренова 1:0
Работнички – Силекс 1:1
Шкендија – Шкупи 4:0
Сабота:
Македонија ЃП – Струга Трим Љум 1:1
Табела: Вардар 35, Шкендија 27, Академија Пандев 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Струга Трим Љум 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.