Connect with us

Ракомет

Вардар и со комбиниран состав ја реши Стеауа

Македонскиот ракометен шампион Вардар и со комбиниран состав славеше во последниот натпревар во Ргионалната СЕХА лига, овој пат на гостувањето во Букурешт против Стеауа со 34:30.

Мартин Поповски постигна 10 гола, Дмитриј Кисељев девет, а Игор Карачиќ го заврши натпреварот со четри гола. Вардар и во Скопје забележа убедлива победа против Стеауа на првиот сезонски дуел.

Вардар со ефект од 11/2 е на лидер на табелата во регионалното натпреварување, идентичен биланс многу извесно ќе има и хрватскиот загреб кој денеска се среќава со Војводина.