Ракомет
Вардар и со комбиниран состав победува, „падна“ Војводина
Втора победа за само 24 часа на Вардар. Откако синоќа славеше против Мешков Брест во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ вечерва беа подобри од Војводина со 26:23 во СЕХА лигата. Ова е четврта победа во низа за европскиот првак во регионалното натпреварување.
Повторно не настапија неколку првотимци поради повреди, но и со комбиниран состав Вардар стигна до победа.
Скубе беше најефикасен со 7 погодоци, еден помалку имаше Димитар Димитриоски. Пет запиша Чупиќ, а на голот Кугис одбрани 11 шутеви од 34 упатени удари.