Ракомет
Вардар игра магично во ЛШ, Алборг не го преживеа „пеколот“ во “Јане Сандански“ (ВИДЕО)
Екипата на Вардар ја забележа втората победа на третиот меч од ЛШ во новата сезона. Во СЦ „Јане Сандански“ падна вицепрвакот Алборг со 30:28. Македонскиот тим уште еднаш покажа дека пред своја публика игра магично. Така беше и вечерва, доколку се изземат воведните неколку минути кога на моменти негативата стигна и до шест погодоци.
Еден од главните јунаци е Борко Ристовски кој го замени Томовски на голот и со 16 одбрани придонесе за пресвртот и победата.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Дибиров, Тото и Оливје Њокас со по шест гола.
Од три меча во ЛШ Вардар има две победи и едно реми.