Connect with us

Ракомет

Вардар има нов ракометар, Додиќ во Скопје до крајот на сезоната, а потоа заминува во Кјелце

Вардар 1961 и официјално потврди дека има нов среден бек. Станува збор за Стефан Додиќ, кој доаѓа од редовите на ГРК Охрид.

Додиќ во дресот на македонскиот првак ќе остане до крајот на сезоната, по која заминува во Киелце со кого има договор, но прашање е дали ќе остане во тимот или пак ќе биде испратен на позајмица.

Додиќ потекнува од школата на Металург, веќе има искуство во европските клупски натпреварување, тој ќе биде добро решение за позицијата среден бек, заедно со Анте Гаџа, кој поради повреда пропушти два натпревари.