Connect with us

Фудбал

Вардар ја прекина серијата без победа, Академија Пандев ја губи Лига Европа

Лидерот на табелата Шкендија со пресврт го победи Работнички со 2-1, додека Вардар беше убедлив против последно пласираниот Скопје.

во Тетово, Работнички поведе со голот на Џефри Чарлс (34.минута), но шест минути подоцна (40) израмни Марјан Радески откако Ферхан Хасани од слободен удар ја погоди гредата, а во продолжение Емини го погоди дирекот. Победничкиот гол за тетовци го постигна Хасани од пенал во 82.минута.

шампионот Вардар долго се мачеше да го скрши отпорот на Скопје. Тоа конечно им успеа на вардаци во 40.минута кога Фелипе со прекрасен гол од 25 метри им донесе предност на црвено-црните. Во вториот во листата на стрелци се запишаа Максимов и Џигаури за конечни Вардар – Скопје 3-0.

Предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер кој со 2-1 славеше против Ренова, додека преостанатите две средби завршија со минимални победи на гостите.

Силекс до победата од 1-0 против Шкупи стигна благодарение на автоголот на Бесарт Кривањева во 15.минута, додека Мирослав Станиќ стрелец на единствениот гол на мечот Академија Пандев – Победа во кој триумф славеа гостите со 0-1.

Резултати – ПМФЛ 13.коло
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА 0-1
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ШКУПИ – СИЛЕКС 0-1
ВАРДАР – СКОПЈЕ 3-0
ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 2-1

ТАБЕЛА:
1. ШКЕНДИЈА 34 бода,
2. ВАРДАР 23 (-2),
3. СИЛЕКС 22,
4. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 21 (-1),
5. РЕНОВА 17,
6. РАБОТНИЧКИ 16 (-1),
7. ПЕЛИСТЕР 15,
8. ПОБЕДА 15,
9. ШКУПИ 15,
10. СКОПЈЕ 9.