Connect with us

Ракомет

Вардар казнет, лошо го организирал дербито со Е.Пелистер, на кое имаше инциденти

Ракометниот клуб Вардар заработи казна од 60.000 денари поради лоша организација на дербито против Е.Пелистер на кое имаше инциденти. Веднаш со влегувањето на гостинските навивачи во салата, се дојде до обид за пресметка меѓу „Комитите“ и „Чкембарите“ по што во еден момент беше прекинат натпреварот. Потсетување дека салата „Јане Сандански“ беше преполна, бидејќи влезот беше слободен, а дербито го доби Е.Пелистер со 24:23.

РФМ го суспендираше на еден меч и Столе Стоилов, кој бурно реагираше кон судиите во финишот на мечот.