Ракомет
Вардар – Металург вечерва од 20.30 на Телма
Дерби мечот од 5.коло во домашната машка ракометна Супер лига помеѓу Вардар и Металург ќе се игра утре (04.05.2018) во СЦ Јане Санданско во нов термин од 20.30.
Вардар неодамна ја одбрани титулата во Сеха лигата,избори пласман на Ф4 во Келн од ЛШ и успешно ги одработи заостанатите мечеви од домашното првенство.
Црвено-црните со максимален ефект од 4 средби влегуваат во дербито со Металург.Тимот од Автокоманда неочекува загуби два бода на гостувањето кај Работник во Битола играјки реми од 27-27.
Во тековната сезона, двете страни имаа дуели во Сеха лигата,и двата ги доби Вардар со 23-32 како гостин и 31-24 како домаќин.
Влезот за дебрито во СЦ Јане Сандански е слободен.Дуелот на двете најквалитетни македонски машки ракометни екипи кои настапуваат на три фронта последиве сезони ќе се емитува директно на ТВ Телма од 20.30.