Ракомет
Вардар му се реваншираше на Киелце
Македонскиот ракометен шампион, екипата на Вардар со победа против Киелце од 28:27 го завршува првиот дел од Лигата на шампионите и се враќа на втората позиција во А – групата.

„Црвено – црните“ беа доминантни на теренот во текот на целиот натпревар и на најдобар начин му се реваншира на Киелце за поразот на првиот меч во Полска. Ова е прва победа за Вардар во последните четири натпревари во ЛШ, но исклучително значајна во директната пресметка со полскиот претставник за второто место на табелата, зад Барселона.
Со двата бода „црвено – црните“ имаат 13, и се искачија на второто место. По завршувањето на комплетното 10 коло ќе се знае дали Вардар уште отсега ќе обезбеди место во Топ-16 фазата, иако до крај ќе се бориме и за првото место што носи директно во четврт – финалето. Ова беше шеста победа за Вардар сезонава во групната фаза и го прескокнавме полскиот тим на табелата. Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дианис Криштопанс со пет погодоци, еден помалку постигна Сташ Скубе, додека по три запишаа Стојанче Стоилов и Данил Шишкарев.
ФОТО: РК ВАРДАР