Connect with us

Ракомет

Вардар на мускули го доби дербито со Металург

Македонскиот ракометен шампион Вардар триумфираше со минимални 27:26 на гостувањето против Металург, во македонското дерби во СЕХА-лига кое донесе големи возбудувања, но не и изненадување кога станува збор за конечниот исход.

„Металурзите“ имаат за што да жалат ако се знае дека долго време беа не само достоен, туку и подобар ривал, во второто полувреме имаа и четири гола предност, но на крајот пресуди искуството на „црвено-црните“, кои и без помошта на неколку стандардни ракометари стигнаа до цел плен во СЦ „Борис Трајковски“.

Кизиќ беше одличен на голот на Вардар со 14 одбрани, а во нападот најефикасни беа Чупиќ, Дисингер и Криштопанс со по пет погодоци. Кај Металург најефиикасен беше Шпенде со шест гола, но и дури осум промашувања, вклучувајќи го и она при последниот шут на натпреварот

Реклама

ФОТО

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com