Connect with us

Ракомет

Вардар немоќен, Кјелце славеше со 10 разлика

Само едно полувреме издржа Вардар на гостувањето кај Кјелце. Отсуството на повредените играчи се почувствува на овој натпревар. Оние три негатива на полувреме, до крајот на мечот станаа 10, па беше неминовен поразоот од 35:25.

Најефикасен во таборот на Вардар беше Дибиров со девет голови, Скубе запиша 6, Стоилов 5. За домаќините Каралек и Карачиќ постигнаа по идентични шест погодоци, додека по 4 забележаа Јанц и Цујовиќ.

Кил е лидер на табелата со 13 поени, Веспрем и Кјелце имаат по 10, Монпелје и Вардар, по еден помалку, но за разлика од нашиот тим, Французите имаат и натпревар помалку.