Connect with us

Ракомет

Вардар немоќен, Веспрем убедлив во „Јане Сандански“

Трет пораз на Вардар во низа. По Мешков Брест, Кјелце и Веспрем се радуваше и тоа со убедлив резултат во секогаш тешко неосвоивата „Јане Сандански“. За разлика од порано, денеска Веспрем беше убедлив. 38:29 славеа гостите за втора позиција на табелата, пред околу 5500 гледачи.

Актуелниот европски првак немаше сили да се надигрува со денеска поквалитетниот и порасположениот Веспрем.

Атман со 7 погодоци беше најефикасен во таборот на Вардар, додека по четири запишаа Чупиќ и Калараш. На спротивната страна Ненадиќ беше незапирлив со 11 погодоци.