Connect with us

Ракомет

Вардар подобар од Железничар

Ракометарите на Вардар во рамките на 11. коло на СЕХА лигата на гостински терен славеа против тимот на Железничар со 22-24 (10-12), за деветта победа во регионалното натпреварување. Со овој триумф „црвено-црните“ се вратија на лидерското место.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Кристијан Дисингер со пет гола, Иван Чупиќ и Кристопанс запишаа по четири гола, а со три погодоци мечот го заврши Киселев. Во тимот на Железничар четири гола запиша Павловиќ и Вејин. За тимот на Вардар до крајот на годината претстојат уште два натпревари, дуелот со Татран Прешов во Скопје и со Стеауа на гости во Букурешт.