Connect with us

Ракомет

Вардар покажа зошто е шампион, го прегази Еурофарм Пелистер

Актуелниот ракометен шампион Вардар покажа дека во моментов нема конкуренција во домашното првенство. Со одлична игра практично го прегази вечниот ривал Е.Пелистер. „Црвено-црните“ славеа со 35:27. Ова е веројатно најдобриот натпревар кој ракометарите на Вардар го одиграа под водство на Стевче Алушовски оваа сезона.

Најефикасни кај Вардар беа Анте Гаџа  и Дисингер со по седум погодока, пред Чупиќ со пет гола. Кај гостите од Битола Стипе Мандалиниќ имаше осум гола, Граџан шест.

За Вардар ова беше трета победа по три меча во во плеј-офот. Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз од исто така три натпревари.  Реваншот во Битола се очекува да биде во месец мај.