Ракомет
Вардар повторно Шампион на Македонија
Црвено-црните со убедлива победа од 38:25 славеа против Пролет и ја одбранија титулата Шампион на Македонија. За Вардар оваа титула е вкупно 12 од домашното првенство.
Во пред последното коло Вардар ја обезбеди титулата, а на последниот натпревар против Металург може да се каже дека Вардар ќе игра опуштено.
Оваа титула за Вардар е четвртата титула по ред во домашното првенство. Вардар по втор пат освојува четири титули по ред, од 2000 до 2004 и сега од 2014 до 2018.
Следниот викенд Вардар има шанса да освои двојна круна. Во Битола ќе игра на завршниот турнир од Купот на Македонија, во Ф4 од купот на Македонија се наоѓаат Пелистер, Металург, Еурофарм Работник и македонскиот но и европски шампион Вардар.