Connect with us

Ракомет

Вардар „прегазен“ од Веспрем

Ракометарите на Вардар 1961 убедливо загубија во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч против Веспрем дома со 22-30 (11-15), иако изгледаше дека нема да биде дебакл како минатата пролет, кога Веспрем ги реши прашањата исто така на првиот меч во Скопје, со 41-27.

Најдобар во редовите на Вардар беше Филип Талески со шест гола, но сите го даде во првото полувреме, а пет постигна Дибиров. Кај Веспрем, Нилсон даде осум гола, а Ненадиќ даде шест.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961