Connect with us

Ракомет

Вардар против Монпелје сака да ја продолжи добрата серија во ЛШ

Вардар 1961 како фаворит влегува во пресметката со Монпеље. Црвено-црните вечерва во „Јане Сандански“ играат против францускиот ривал во Лигата на шампиони

Противник на „црвено-црните“ е францускиот Монпелје кој во претходно коло направи изненадување и убедливо го совлада Кил (37:30).

Денес во Скопје доаѓа Монпелје кој игра променливо. Во претходното коло француската екипа успеа да го победи гигантот Кил со седум гола разлика (37-30), ама пред само три дена загуби во домашното првенство. Сепак, Монпелје не е наивен ривал и доколку Вардар сака позитивен резултат, мора одново да одигра на високо ниво како против Алборг.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ побара навивачите да дојдат во „Јане Сандански“ за да може Црвено-црните кога напаѓаат да бидат со предност и од „осум на шест“. Вардарци прв пат сезонава немаат проблеми со повредени играч и се фаворити. Кога во првите три кола од ЛШ беа во улога на аутсајдери, победија два пати, а еднаш ремизираа. Сега треба да се покажат дека имаат психолошка сила да ја издржат и улогата на „победник на хартија“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама