Connect with us

Фудбал

Вардар против Црвена Звезда и Дејан Станковиќ на 29-ти јануари

Екипите на Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат пријателски меч на 29 јануари во Анталија, соопштија српските медиуми. Двете екипи формата за вториот дел од сезоната ќе ја темпираати во турскиот спортско-туристички центар, па покрај другите мечеви, ќе одиграат и меѓусебен дуел.

Ова практично за Црвена Звезда ќе бидат првите мечеви под водство на легендата Дејан Станковиќ.