Connect with us

Ракомет

Вардар против Веспрем по четврти пат, се уште најдобрите два тима во Европа, во финалето на СЕХА лигата

СЕХА лигата ја има привилегијата, или да кажеме честа, оваа сезона во финалето да играат двата најдобри тима во Европа за изминатата сезона. Вардар се уште е актуелен европски првак, додека Веспрем е вицепрвак. Во финалето од сезоната 2018/2019 Вардар славеше со 27:24 против овој тим.

Поради пандемијата со Ковид 19, сезоната 2019/2020 се одолговлечи, па Вардар ја има титулата подолго од вообичаеното, а сепак нашиот им нема да може да го брани насловот, со оглед на тоа дека со административна одлука, сезоната е прекината и ЕХФ одлучи на Ф4 во декември во Келн да играат ПСЖ, Кил, Барселона и Веспрем.

Како и да е, вечерва Вардар и Веспрем ќе играат во финалето во СЕХА лигата. Досега овие две екипи досега три пати се сретнале во финалиња. Два пати во СЕХА лигата, еднаш во ЛШ. Вардар има вкупно две победи, наспроти една на Веспрем. Во СЕХА лигата резултатот е 1:1.

Мечот се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com