Фудбал
Вардар ремизираше во Кратово, но конкурентите Академија Пандев и Шкендија се поразени
Вардар и покрај тоа што не победи, сепак се одалечи плус еден бод пред Академија Пандев и Шкендија, бидејќи овие две екипи се поразени во попладневните натпревари.
„Црвено-црните“ одиграа 2:2 во Кратово против Силекс, додека Академија Пандев е поразена на гостувањето кај Шкупи со убедливи 3:1. Шкендија со 2:1 доживеа пораз на гостувањето кај Струга Трим Љум.
На останатите средби, Работнички – Борец Велес 2:1 и Ренова-Македонија ЃП 1:1.
Табела: Вардар 32, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Македонија ЃП 22, Струга Трим Љум 22, Ренова 16, Борец 16, Работнички 14.