Connect with us

Ракомет

Вардар, сепак немаше сили за нов подвиг, Веспрем ја освои СЕХА лигата

Македонскиот, но и се уште европскиот првак Вардар немаше сили за нов подвиг. Откако во полуфиналето одигра фантастичен дуел со голема броба го совлада ППД Загреб, сепак вечерва во финалето беше немоќен против Веспрем. Се покажа дека Унгарците се подобри, па на крајот се реваншираа на „црвено-црните“ за поразот во финалето во Лигата на шампионите минатата сезона.

Иако на моменти Вардар се обидуваше да држи чекор, сепак на крајот следуваше убедлив пораз од Унгарците со 35:27. Калараш во тимот на Вардар беше најефикасен со шест погодоци, Валчак и Јотиќ имаа по четири, а Чупиќ три. Во победничкиот  тим Ненадиќ предводеше со пет погодоци, а четири забележаа Манасков, Фереира, Нилсон и Лекаи.

Ова беше четврта пресметка помеѓу Вардар и Веспрем. Три пати во Сеха Лигата и еднаш во Лигата на шампионите, резултатот е 2:2 во победи.

 

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com