Поврзи се

Ракомет

Вардар сигурен против Цеље

Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, синоќа забележа победа против словенечки Целје со 37:25 (20:10) во меч од СЕХА лигата.

Ова беше 13-ти триумф за „црвено-црните“ во регионалната лига, а победникот беше решен уште во првиот дел.

Тренерот Раул Гонзалез на овој меч ги одмараше Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, а во игра не влегоа Арпад Штербик и Стојанче Стоилов.

Дибиров со седум погодоци беше најефикасен за домаќините, Мартин Поповски постигна шест, а Страхиња Милиќ запиша вкупно 15 интервенции меѓу стативите.
Кај Словенците, Борут Мачковчек реализираше 11 гола.

Вториот македонски претставник во СЕХА, екипата на Металург загуби од ППД Загреб со 30:28 (15:13).

На четири преостанати средби во СЕХА лигата, Вардар има 40 бода на врвот на табелата, пред Загреб кој има 31.

ФОТО

loading...

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com