Connect with us

Ракомет

Вардар славеше победа во Охрид, Стоилов може да го пропушти дербито во Битола

Вардар славеше победа 28-21 на гостувањето во Охрид во плејофот од првенството на Македонија.

Двете екипи одлично го запошнаа натпреварот, играа рамномерно до 19. минута кога на семафорот резултатот беше 9-9, но потоа Вардар дојде до 16-11 на паузата, предност која требаше да ветува рутински втор дел, но не беше така.

Во вториот дел од натпреварот Охриѓаните се разиграа и дојде до водство 18-19 по неполни 10 минути игра.

Потоа следуваше повторно одлична игра на Вардар па на крајот, вардарци слава подеа од 28-21.

Најефикасни вечерва беа десните бекови, Куни Моралес со седум гола за Вардар, Филип Николов со четири за Охрид.

Вардар в недела во Битола против Пелистер, игра натпревар кој треба да пресуди во шампионската трка оваа сезона, а би било огромен хендикеп за црвено-црните, доколку Стојанче Стоилов, поради повреда која ја заработи во финишот од натпреварот не настапи на големото дерби.

 

Реклама

Facebook