Ракомет
Вардар со чартер ќе слета во Скопје во 18.50 часот, Град Скопје го плати летот 39.500 евра
Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаа во Скопје. Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК
Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.
Ракометарите на Вардар вчера по вторпат ја освоија титулата европски првак откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Веспрем со 27:24, во ситуација кога повторно, како и пред две години, им беше давана етикета на аутсајдер.
ИЗВОР: САКАМ ДА КАЖАМ.МК